Неколку опозициски групи во Барселона веќе објавија заедничко соопштение во кое бараат итна оставка на целата администрација. Доколку тоа не се случи, бараат да се дозволи гласање за доверба на актуелното раководство.
Навивачите не можат мирно да спијат, но ниту управата на Барселона. Шпанската фудбалска федерација во саботата официјално потврди дека Дани Олмо не може да биде регистриран за Барселона во вториот дел од сезоната. Едно од најскапите засилувања на каталонскиот клуб на сите времиња и повратникот во Барселона по десет години е избришан од списокот на играчи на Шпанската фудбалска федерација.
За причините веќе се пишуваше многу. Барселона не успеа навреме да дојде до средства за да го почитува правилото 1:1, важно за финансискиот фер-плеј систем. Средствата кои беа уплатени за закуп на ВИП-ложите на новиот стадион „Камп Ноу“, каде наскоро повторно ќе играат, не стигнаа на време.
Барселона е оставена со правна битка на суд, прво во Врховниот суд во Шпанија, а потоа и во Меѓународниот спортски арбитражен суд (CAS) во Лозана, Швајцарија. Навивачите не трпат вакво понижување, а сè поголем е бројот на оние кои сега сакаат претседателот на клубот Жоан Лапорта да поднесе оставка.
Лапорта до сега уживаше огромна поддршка од навивачите на Барселона, но сега тоа почна опасно да се менува. Клупската опозиција го поздрави неговиот погрешен потег, па сега бара вонреден состанок на клубот каде би се обединиле за да го отстранат Лапорта.
Неколку опозициски групи во Барселона веќе објавија заедничко соопштение во кое бараат итна оставка на целата администрација. Доколку тоа не се случи, бараат да се дозволи гласање за доверба, бидејќи сметаат дека во собранието има уште многу луѓе кои ќе му свртат грб на Лапорта и неговите соработници.