Почина најстарата личност на светот: Живееше 116 години и влезе во Гинисовата книга на рекорди

Точка

04/01/2025

20:12

1.995

Големина на фонт

а а а

Најстарата личност на светот, Јапонката Томико Итока, почина на 29 декември на 116-годишна возраст, соопшти во саботата градот Ашија, каде што живеела.

Томико Итока, која имаше четири деца и пет внуци, почина во домот за стари лица во кој престојуваше од 2019 година, потврди во официјална изјава градоначалникот на Ашија. Родена на 23 мај 1908 година во Осака, недалеку од Ашија, Томико беше прогласена за најстара личност на светот по смртта на Шпанката Марија Брањас Морера во август 2024 година, која почина на 117-годишна возраст.

Таа беше инспирација за сите

„Г-ѓа Итока ни даваше храброст и надеж во текот на нејзиниот долг живот. Ние сме ѝ благодарни за тоа“, рече градоначалникот на Ашија, Риосуке Такашима.

Доаѓајќи од семејство со три деца, Томико во младоста била одбојкарка. За време на нејзиниот живот, таа преживеа војни, пандемии и технолошки револуции. Во подоцнежните години сакала да јаде банани и да пие "Calpis", пијалак базиран на млечни ензими, кој е многу популарен во Јапонија, се вели во соопштението на градските власти.

Јапонија се соочува со демографска криза

Јапонија во моментов се соочува со сериозна демографска криза, со стареење на населението и намалена работна сила која ги финансираат зголемените трошоци за здравствена заштита и социјална помош. Според податоците од септември, во Јапонија живеат повеќе од 95.000 стогодишници, од кои 88% се жени. Речиси една третина од 124 милиони жители на земјата се постари од 65 години.