СВР Тетово уведува дека состојбата во Маврово е ставена под контрола. На социјалните мрежи врие од негативни коментари

Макфакс

06/01/2025

00:09

8.374

Големина на фонт

а а а

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата е сега под контрола и сообраќајот се одвива нормално, а социјалните мрежи вријат од негативни коментари.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека ваквите состојби се обично присутни во периодите со зголемен број на туристи, кога и самата регулација на сообраќајот може да биде отежната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: [ФОТО] Скијање на Маврово – Чекање за паркинг, ред пред билетара, колона возила за одење…

„Вообичаено, во зимскиот период сообраќајот се регулира преку кружен тек околу езерото, но некои возачи не ја испочитуваа препораката и заглавиле при разминување“, изјави Реџепи.

Во меѓувреме, полициски службеници ги регулираат движењата од Бунец кон Леуново, пропуштајќи ги возилата наизменично. Состојбата беше објавена и на социјалните мрежи, каде што туристи и возачи изразија загриженост поради долгиот застој, кој траел и неколку часа.

СВР Тетово побара од ЈП Македонија Пат да испрати специјализирани возила за да го исчистат снегот и да го обезбедат подобар проток на возилата. Според најавите, се очекува до 21:30 часот ситуацијата да се подобри и сообраќајот да се одвива непречено.


Спротивно на тоа социјалните мрежи горат од негативни коментари насочени воглавно кон општината и МВР. Ви проследуваме еден мал дел.

"Веќе 2 саати во застој од Маврово накај Леуново, кола до кола, секој 10 мин по 10 метра се придвижуваме…пред нас гледаме 100 тина коли како стојат… пред 3 саати ова беше единствена опција да се тргне за Скопје, другата страна беше комплетно блокирана уште од паркингот…"

---

"Општина Маврово и Ростуше Medat Kurtovski Министерство за Внатрешни Работи Маврово Resort Mavrovo

Од 15 до 21 часот заглавени со саати коли со бебиња, деца, без храна, вода, бензин, во колона, луѓе дојдени на прошетка и развивање на туризмот во Македонија….туга туризам, како и се друго што е тужно во државава. Толку неспособни луѓе во волку мало државиче, земјава не знам како не држи. Толку неспособни да се организираат институции, толку незаинтересирани за ништо, само за рамења кревање способни, па стварно бе луѓе бе , како може во викенд за празник, во зима во скијачки центар да сте изненадени од наплив на туристи, и да немате план и агенда за организација на простор и инфраструктура ??? Како очекувате да се појави некој во Маврово повторно по денов? Може ли нешто да остане неуништено и да пркне овде? Па дали има некој нормален овде останато?"


---

"Вчера објавив фотографии од Мавровската снежна убавина, и навистина Маврово е волшебно во зима, но само ако си седиш на тераса и уживаш на сонцето. Ама нели тие што дошле сакаат да скијаат, да пешачат, да уживаат на Бистра, е тогаш сите тие се соочуваат со Мавровскиот инфраструктурен хорор!!! Фотографииве се тазе, денешни, вечерашни, сакаш да се вратиш во викендичка, ама те пренасочуваат да се враќаш од кај Леуново и Никифорово, цел круг околу езерото, оти нормални услови за движење од другата страна нема. Колоната е километарска, во недоглед, стоиш во место и не знаеш зошто? Ова го нема никаде, само овде кај нас, оти за жал СИСТЕМОТ не функционира како што треба!!!"

---

После 6 часа голгота на патниците чии возила биле пренасочени од Маврово кон Леуново и кои биле заглавени на половина пат од Никифорово до Леуново, истите се пренасочени назад кон Маврово поради непрооден пат на кој ги насочиле ,,надлежните".


Срамно!

Некој мора да понесе одговорност за овој хаос и малтретирање, последица од аматеризам, неспособност и неодговорност.

---

Маврово денес, смрзнато и нерегулирано 🙁 Еднонасочни улици, што уште не знаат дека се еднонасочни. Битно имаме ски центар, срамота во држава, што се декларира за држава. Уште посрам за нас, што уште ја сакаме, оваа и ваква Македонија 💔💔💔

---

Заглавени сме на патот Никифорово-Леуново, километарска колона пред нас и и позади нас, стоиме во место. Тргнавме од Маврово кон Скопје пред 3 часа, а вкупно имаме поминато 5km. Сето тоа благодарејќи на упатствата и насочувањето на МВР, и покрај тоа што имаа информација дека патот од оваа страна на Мавровско езеро е блокиран од излизгани возила, а како последица на неисчистениот пат. Срам за полицијата!

Edit…

После 5 часа голгота и на 2км од Леуново, дојде полицаец за да ни каже дека патот е непрооден напред и дека мора да се свртиме назад по истиот замрзнат неисчистен пат кон Маврово. Мизерија од држава!

Фала на Бога здрави живи сме, и горивото издржа…после 7 часа скоро стигнавме дома.


---

13км за 7,5ч‼️

Од Миа’с Хотел до Никифирово, 8км за 5,5ч. Ќе видиме до Леуново, долга е ноќта. Рушиме рекорди, Евзони може вода да ни носи. И џабе да ви нудат, ич не доаѓајте, Resort Mavrovo и Општина Маврово и Ростуша можат да се самозапалат слободно.

Се моли Митко од Михајлово да се јави на рецепција.

И, знаеме дека на празници не се скија, ама планината не е само за скијачи. Има и болни 😷 на кои очајно им треба аптека ✌🏻

---

Ina Mnogufina

Додека Бугарија и Србија направија цели градови од нивните зимски центри ние освен што настегавме згради за да личи на Ново Лисиче не направивме ништо друго. Луѓено денес што окапаа чекајќи карта да купат сега се заглавени во кола, 5 саати лазат од Маврово до Леуново. Општина Маврово немаше проверено дали тие што го добија тендерот имаат багер за чистење снег, ко да е општина што излага на плажа на Бали и не очекува снег. Галичник патот исто затрупан. Македонија пат може да помогне ама вие му се смеевте на заменик директорот дека носел мечка на грб да ја врати во шумата и они ни се сега можда скарани...не знам. Зимава изненади малце.

--