[ФОТО] Скијање на Маврово – Чекање за паркинг, ред пред билетара, колона возила за одење…

Точка

05/01/2025

22:50

6.082

Големина на фонт

а а а

Се чека да најдеш паркинг. Откако ќе најдеш паркинг ти требаат најмалку 2-3 километри да испешачиш, со скијачки кондури и скии до билетарата. Тука нов шок – стотина луѓе чекаат за билет. Поминуваш во ред најмалку еден час.

Следуваат „опашките“ по ски-лифтовите. Решаваш сепак да заминеш порано, околу 12 часот, предвидувајќи го хаосот со возилата на заминување. Но те чека уште едно изненадување – паркираните возила покрај патот со ваква фрекфенција на возила едноставно не е можно да се разминеш во два правци. Ново чекање, нервози, викања, псуења… Истото се случува и на патот од Леуново до Бунец, пишува MKD.MK.

И сето ова без полицајци, без редари, беа надлежни од општината да се обидат да средат нешто… И така е со години.

Вчера објавив фотографии од Мавровската снежна убавина, и навистина Маврово е волшебно во зима, но само ако си седиш на...

Posted by Билјана Дебарлиева on Sunday 5 January 2025