[ФОТО/ВИДЕО] По 23 години врска се ожени братот на Анџелина Џоли: Сестра си не ја поканил на свадбата

Точка

02/01/2025

20:32

2.287

Големина на фонт

а а а

Џејмс Хевен, братот на познатата актерка Анџелина Џоли, реши да влезе во брачните води по 23 години врска. Веста за тајната венчавка на Џејмс ја изненади јавноста, пишува „Дејли мејл“.

Неговата избраничка е актерката Роми Имбели, а церемонијата се одржала во текот на летото, во тесен круг на најблиските луѓе. На венчавката, која се одржала на брегот на Лагуна Бич во Калифорнија и досега беше тајна, Анџелина Џоли не била присутна.

Џејмс, кој има 51 година, реши да влезе во брачните води, иако со години се шпекулираа различни теории за неговата врска со неговата сестра. Јавноста добро се сеќава на настанот од Оскарите во 2000 година, кога Хевен ја бакна Анџелина Џоли во уста, што предизвика бројни контроверзии.


„Шокирана сум и сега сум толку вљубена во брат ми. Само ме прегрна и рече дека ме сака. Знам дека е среќен за мене и благодарна сум му за тоа“, изјавила тогаш Анџелина.

Подоцна обидувајќи се да ја смири јавноста додаде дека тоа е пример за „братска љубов“ и ништо повеќе.

Сега Хевен започна ново поглавје од својот живот. Неговата венчавка со Роми Имбели се одржала на 12 август 2024 година во интимна атмосфера, а присутни биле само родителите на парот. Деталите Роми ги откри во објава на социјалните мрежи:

„Сè што се случи во изминатите месеци беше дел од поголем план и верувам во Божјиот тајминг. Секогаш длабоко во срцето ќе ја чувам 2024 година. Животот е премногу краток. Одете и живејте“, напишала таа.


Имбели истакна дека нивната врска не била едноставна и дека решиле да се венчаат по 23 години врска. Сепак, таа сега е сосема сигурна во својата одлука.

„Денот на венчавката ни беше интимен, само ние и нашите родители, додека ги разменивме нашите завети. Планираме подоцна да организираме поголема прослава“, додала таа.


Иако сега има свое семејство, Хевен не запоставил да се грижи за својата сестра и нејзините деца. Неодамна изјави дека по нејзиниот развод со Бред Пит нивната врска станала уште посилна.

„Сè започна со заштита на неа, а потоа на нејзините синови и ќерки, моите внуци и внуки“, рекол Хевен и додал дека чувствува дека негова главна должност е да ѝ помогне на Анџелина и нејзиното семејство.


Да потсетиме дека разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит беше финализиран на последниот ден од 2024 година, по осум години судски случаи и медиумски скандали. Хевен призна дека овој процес имал длабок ефект врз неговата сестра.

„Таа е исцрпена и многу уморна од сè што се случи. Се надевам дека конечно ќе успее да се огради од таа тема и да ги заштити децата од преголемото внимание“, рекол тој.