Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна често привлекува големо внимание во јавноста со своите објави на социјалните мрежи, а сега позираше во провокативно издание и предизвика вистинска лавина од коментари.
Имено, Уна позираше во палто под кое имаше само корсет, а носеше и кратко здолниште и чипкасти црни чорапи. Уна обично секогаш има скапи чанти, па овој пат со својот елегантен стајлинг искомбинира чанта од познат светски бренд.
Не изостана ниту црвениот кармин, па коментарите постојано се нижеа: „Убава“, „Преубава си“…
Инаку, Здравко Чолиќ не зборува често за својот приватен живот, а неодамна истакна дека е горд на своето семејство.
„Горд сум на моето мало семејство, две девојчиња, сега девојки. Жената се грижи повеќе. Да беше до мене, се ќе дозволив. Таа ме критикува, но така е. Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако е тешко, на моменти можам да станам малку сериозен. Претежно сум попустлив“, изјави неодамна Чола за телевизијата „Е“.