[ФОТО] Салма Хајек на црвениот килим на Златниот глобус: Гордо ги покажа седите влакна

Точка

06/01/2025

15:13

2.934

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Салма Хајек синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус во Лос Анџелес.

На црвениот килим таа блесна во елегантен бордо фустан со деколте, а особено внимание привлече нејзината фризура. Имено Хајек гордо ја покажа својата побелена коса.




Изгледот го комплетираше со зелен накит, кој го усогласи со шминката на очите.

Во брак е од 2009 година

Салма е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино. Двојката се венча во 2009 година во Париз, а заедно ја имаат ќерката Валентина, родена во 2007 година.


Во интервју за „The Wall Street Journal“ од минатата година, таа зборуваше за нејзиниот брак со францускиот милијардер. Имено, и покрај нејзината импресивна кариера, која ѝ донесе богатство од околу 200 милиони долари, 58-годишната актерка откри дека чувствува одреден „притисок“ да заработи пари иако е во брак со милијардер и еден од највлијателните луѓе во светот на модата и луксузот.


Имено, Пино е извршен директор на компанијата Керинг, која управува со луксузни брендови како Гучи, Сен Лоран и Баленсијага.