Кртовите што ги пробиваат полициски акции ќе бидат извадени од дупките и ќе одговараат, Мицкоски вели дека се рецидив од претходната влада

Макфакс

30/12/2024

15:12

1.426

Големина на фонт

а а а

Кртовите што даваат информации за полициските акции ќе бидат пронајдени и ќе одговараат, рече денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новите простории на Универзитетската клиника за психијатрија, тој рече дека кртовите се остаток од претходната власт.

„Кртови ќе се појавуваат уште некое време сè додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со владата и институциите на претходната влада и претходната коалиција. Но, тие кртови ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во кои се кријат и како глувци ќе одговараат“, рече премиерот Мицкоски.


Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера потврди дека завчера било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, во врска со полициските акции месецов.