Драги читатели на Точка, наши пријатели и соработници, ги одбројуваме последните часови од уште една успешна година зад нас. Како и секоја, така и оваа, нашиот тим вредно работеше и се трудеше секојдневно да го задржи вашето внимание.
Ги следевме најновите информации и трендови, со цел да не ве разочараме и заедно со првото утринско кафе преку нас да ги дознаете новостите за тековниот ден.
Со нашите забавни содржини се обидовме малку да ви ги оттргнеме мислите од не толку ведрото секојдневие, додека од друга страна ви дававме и совети за здравјето – кое несомнено е најважната и највредната работа.
Знаевме и да „отпатуваме“ на дел од егзотичните, но и помалку познати дестинации во светот, да „ѕирнеме“ во домовите на познатите личности, да „поразговараме“ со дел од познатите светски, но и домашни личности, а сето тоа го правевме поради нашата љубов кон работата и вашата верност кон нас!
Денес, во последниот ден од 2024 година Ви ги претставуваме 99-те содржини на ТОЧКА кои според вас беа најинтересни во годината која полека истекува.
Но, нема да ги заборавиме ниту топ 99-те содржини на КАРМИН и СУПЕРМЕН, со кои тимот на Точка исто така се трудеше да го задржи вашето внимание.
Драги и верни наши читатели, тимот на Точка Ви ја честита Новата година, Ви посакува пред сè спокој и мир, добро здравје, насмевки и среќни денови поминати со Вашите најсакани. Чувајте се и бидете слободни. Се читаме во Новата 2025 година.
Среќна Нова година и среќни празници, тимот на ТОЧКА!