Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе подароци и му посака успеси на семејството.
„Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, објави Арсовска.
❤️🍀 Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и...
Posted by Danela Arsovska on Wednesday, January 1, 2025