Кривичен му го одзеде пасошот на Деспотовски и му наложи времено да се јавува во суд

Макфакс

28/12/2024

18:54

2.192

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.

Тој има обврска повремено да се јавува во судот.

Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката.


„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.

Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.