Украина: Погодивме складиште за дронови во Русија

Макфакс

28/12/2024

14:14

626

Големина на фонт

а а а

Украина соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на самоубиствени дронови со долг дострел „Шахед“ во руската област Ориол, додавајќи дека значително ја намалила способноста на Русија да изврши масовни напади со беспилотни летала врз Украина.

Генералштабот на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот во четвртокот го извршиле украинските воздухопловни сили.

„Како резултат на нападот, уништен е објект за складирање, одржување и поправка на беспилотни летала Шахед камиказе, составен од неколку заштитени бетонски конструкции“, соопштија од штабот.

„Оваа воена операција значително го намали потенцијалот на непријателот да изврши воздушни напади со беспилотни летала врз украинската цивилна инфраструктура.

Москва не го коментираше нападот. Русија редовно извршува ракетни и беспилотни напади врз Украина за време на нејзината 34-месечна инвазија.

Украинските воздухопловни сили претходно денеска соопштија дека во текот на ноќта собориле 15 од 16 руски беспилотни летала, а преостанатиот дел исчезнал од радарите.