Седум години СДСМ не успеа ни 1 oтсто да го намали загадувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на која Каја Шукова од опозициската партија ја обвини власта дека не презема ништо за загадениот воздух.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.
„СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина“, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ дополнително уверува дека се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес.