Далас Маверикс го загубија натпреварот против Минесота Тимбервулвс (99:105). На две ипол минути до крајот на првото полувреме Маверикс останаа без Лука Дончиќ. Словенецот ја повреди потколеницата на десната нога и според американските медиуми го очекува шест неделна пауза.
Инаку, Дончиќ повторно ги честеше соиграчите и стручниот штаб за Божик. Минатата година им купи скапи електрични велосипеди на сите соиграчи, тренери и вработени во клубот, а годинава подароците на две тркала ги замени со подароци на четири тркала.
Целиот тренерски штаб и сите соиграчи добија картинг тркачки автомобили.
Американските медиуми не ги наведуваат износите на персонализираните подароци на Дончиќ, но наведуваат дека нивната почетна цена на веб-страницата на компанијата од која се купени е 2.000 долари. Тие достигнуваат брзина од околу 50 km/h. Некои од нив ги испробаа веднаш.
„Ако не си прв, тогаш си последен“, рече Клеј Томпсон зад воланот.
Luka is spreading Christmas cheer once again 🎁🎅
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 25, 2024
This year, he gifted @Segway Gokarts to the team and basketball staff. Just call him Luka Claus!@luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/iQrv5ZXriS