Во англиската Премиер лига се игра 18. коло, а тоа значи дека веќе сме скоро на половина на сезоната што е период во кој може да се направи резиме и да се одбере на пример тимот на досегашниот тек, играчите кои имаат оставено насилен впечаток, поточно имаат силни бројки и партии зад себе.
Специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ ги избра најдобрити, идеалната единаесетка за 2024/2025, поточно за тоа што досега беше одиграно во англскиот шампионт.
Според нив местото прв голман го заслужува англискиот репрезентативец и член на Евертон, Џордан Пикфорд.
Во дефанзивата го имаме двоецот на Ливерпул, Ван Дајк и Александер Арнолд, плус Габриел од Арсенал и Робинсон од редовите на Фулам. Гравенберх и Каиседо се задолжени за средина на теренот, а пак во офанзивата ги имаме Салах и Сака како крила, а пак Палмер како полушпиц зад Халанд.