Хрватскиот шампион тргнува по македонскиот репрезентативец: Вредеше 20 милиони евра и го бараше Арсенал, сега го засилува Динамо во зимскиот преоден рок?

Макфакс

27/12/2024

11:28

2.761

Големина на фонт

а а а

Станува збор за офанзивен играч за врска, капитен на Македонија и фудбалер на кој не сметаат во Трабзон, пишуваат за Барди хрватските медиуми.

Во хрватските медуми се појавија информации дека тренерот на Динамо Ненад Бјелица е заинтересиран за уште еден играч со кој соработувал во турски Трабзонспор. Станува збор за офанзивниот играч за врска Енис Барди, капитенот на Македонија и фудбалер кој беше отпуштен од Трабзон како и Мислав Оршиќ.


„Неговата иднина е надвор од Трабзонспор и прашање е само кога ќе го напушти клубот“, пренесува порталот "Pologu" и тврди дека Барди би можел да игра во Лигата на шампионите во втората половина од сезоната бидејќи Динамо е заинтересиран за него.


„Бјелица го тренираше во Трабзон и многу добро ги познава неговите квалитети и би сакал да го комбинира со сонародниците Стефан Ристовски и Аријан Адеми.


Исто така, важно е дека Динамо може да го доведе без обештетување, а на пикот на кариерата вредеше 20 милиони евра додека настапуваше за Леванте. Тогаш за неговите услуги се распрашуваше менаџерот на Арсенал, Микел Артета.