„Јапонија Ерлајнс“ погодена од сајбер напад, доцнат некои летови

Макфакс

26/12/2024

09:52

339

Големина на фонт

а а а

„Јапонија Ерлајнс“ (ЈАЛ) денеска објави дека е погодена од сајбер напад што предизвика доцнење на некои домашни и меѓународни летови.

Компанијата соопшти дека привремено го исклучила насочувачот што предизвикал дефекти во системот и исто така ја запрела продажбата на билети за летовите што полетуваат денес.

„АНА Холдингс“, другата голема јапонска авиокомпанија, не видела знаци за напад врз нејзините системи, рече портпаролот.

Претходно оваа недела, American Airlines накратко ги приземји сите летови на еден час поради технички дефект во врска со мрежниот хардвер.