Рио Фердинанд именуваше четворица напаѓачи против кои мразел да игра

Точка

25/12/2024

16:38

2.352

Големина на фонт

а а а

Во текот на својата 20-годишна кариера, од кои 12 помина во Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд беше познат како еден од најдобрите стопери во светот. Шест пати ја освои Премиер лигата, во 2008 година и Лигата на шампионите, а за англиската репрезентација забележа 81 настап.

Тој одигра 692 натпревари за клубови, вклучувајќи 504 за Манчестер Јунајтед и се тестираше против повеќето од најдобрите напаѓачи во светот. Во интервју за поткастот "Broadtalks", тој издвои четири играчи против кои особено не сакал да игра.

Прво го спомна Раул, долгогодишната ѕвезда на Реал Мадрид. „Начинот на кој се движеше, влегуваше во просторот, позициите што ги заземаше…


Многу слично го опиша и Холанѓанецот Денис Бергкамп со кој водеа големи битки на натпреварите против Арсенал. „Тој беше ист. Двајцата одат длабоко и како млад играч сакав да истрчам и тоа оставаше огромен простор зад мене“.


Потоа на ред дојде Роналдо. Бразилецот, Назарио да Лима, кој повеќето дефанзивци со кои се соочи ги остави со кошмари и по бројните операции на двете колена.


„Ми даде до знаење дека има уште повисоко ниво. Најлудото од се е што имаше четири операции на коленото пред првиот натпревар против мене. Не се осмелувам ни да помислам што би направил со мене ако беше целосно Тој беше марсовец, тој беше различен“, заклучи Фердинанд.

За крај остави играч кој не беше ѕвезда на светски размери бидејќи најимпресивните денови во кариерата ги помина во Болтон, но со години беше закана за сите одбрани во Премиер лигата. Се работи за Кевин Дејвис.


„Беше тешко да се игра против него. Пред да се доближи топката до тебе, тој веќе те држи и те гребе. Беше страшно да се игра против него, навистина гадно, тој знаеше да ти даде тешко попладне“, рече Фердинанд за Дејвис, кој за Болтон играше од 2003 до 2013 година и постигна 84 гола на 407 настапи.