[ФОТО] Алпска рута: Неверојатна прошетка помеѓу ѕидови од снег високи 20 метри

Точка

23/12/2024

21:49

4.732

Големина на фонт

а а а

Поради влагата која ја носат ветровите од Јапонското Море, северниот дел на Јапонија е една од најснеговитите области во светот. Еден од трите планински венци на јапонските Алпи - Хида бележи до 38 метри снег годишно.

Планината Татејама на северот од Јапонија секоја година привлекува илјадници љубопитни посетители кои доаѓаат да видат како изгледаат планинските венци покриени со десетици метри снег, како и да се возат низ снежните кањони.




Додека тамошните жители смислиле нов начин да се борат со снегот. Многумина поставија специјално дизајнирани покриви на своите куќи, некои имаат опрема за греење која го топи снегот од покривот, а други изградија покриви толку силни што тие можат да издржат и до два метри снег.

Голема снежна долина

Алпската патека Татејама Куробе, која за љубителите на снегот е позната и како Покривот на Јапонија, е една од најживописните.


Долга е 90 километри и е најпопуларна во зима, кога белиот кањон на Големата снежна долина претставува спектакуларна глетка кога е покриена со некогаш и 20 метри снег.





Кога снегот ќе напаѓа толку многу што не се гледаат ни патиштата, Јапонците почнуваат да чистат со булдожери опремени со GPS и дувалки за снег кои го исфрлаат снегот на 15 метри височина.