[ВИДЕО] Поради она што им го прават на бебињата во Индија се огласила и Националната комисија за заштита на деца: Обичајот стар со векови е бизарен

Точка

23/12/2024

16:31

2.104

Големина на фонт

а а а

Ширум светот постојат бројни обичаи кои воодушевуваат многу народи и за кои многу се зборува. Меѓутоа, дури и на крајот на 2024 година сè уште постојат некои кои се крајно бизарни и контроверзни.

Индија е една од земјите кои тешко се откажуваат од своите традиции. Тие ги задржале обичаите стари и до неколку стотици години, а кои денес предизвикуваат големи морници дури и при самото нивно спомнување. Еден од најстрашните и најшокантните ритуали во Индија е познат како „спуштање бебиња“, а главно го практикуваат муслиманите, иако се практикува и меѓу Хиндусите.


Овој контроверзен ритуал има долга историја и е присутен во Индија околу 700 години. Две познати места каде често се изведува овој ритуал се Баба Умер Дарга во близина на Шолапур, Махараштра и храмот Шри Сантесвар во близина на Инди, Карнатака.

Есенцијално, за време на овој ритуал, бебе од само неколку години или дури и уште помало се спушта од кула висока околу 50 метри, додека луѓето стојат во подножјето на кулата за да го фатат. Се верува дека овој чин му носи среќа на детето фрлено од кулата. Овој ритуал е длабоко вкоренет во локалната култура и религија, а за многумина е традиција која се пренесува од генерација на генерација.


Меѓутоа, овој ритуал поведува многу контроверзии и загриженост за безбедноста на децата. Индиската Национална комисија за заштита на правата на децата се обидува да стави крај на оваа практика, бидејќи изложувањето на такви мали бебиња е потенцијално опасно и може сериозно да ја загрози нивната физичка благосостојба. Многу активисти и организации за човекови права, исто така, се залагаат за укинување на овој ризичен ритуал со цел да се заштитат децата од потенцијална штета или дури и смрт. Сепак, овој процес се соочува со отпор од оние кои длабоко веруваат во неговата светост и традиција.