Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.