[ФОТО/ВИДЕО] Синоќешниот протест беше најмасовниот досега во Србија: „Милошевиќ го соборија помалку луѓе“

Точка

23/12/2024

21:24

1.531

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Белград се одржа масовен протест на студенти и граѓани по повод катастрофата во Нови Сад каде пред речиси два месеци при падот на настрешницата на главната железничка станица загинаа 15 лица.

Архивот на јавните собири, организација од Србија која систематски ги брои луѓето на јавните собири, објави дека на протестот имало повеќе од 100.000 луѓе. Да потсетиме, полицијата соопшти дека на протестот се собрале помалку од 30.000 луѓе, наспроти бројните снимки и фотографии на кои се гледа дека го преполниле плоштадот Славија, но и околните улици.


„Врз основа на достапните снимки од голема надморска височина направени околу 17 часот, Архивот на јавните собири утврди дека на вчерашниот протест во Белград присуствувале околу 100.000 граѓани.

Откако ја достигна таа психолошка граница, тој стана најголемиот протест не само против актуелните власти, туку и најголемиот протест досега одржан во Србија. Вчера на плоштадот Славија и на централните градски улици се собраа повеќе луѓе отколку што имаше околу Собранието во најкритичните моменти при соборувањето на Слободан Милошевиќ од власт во 2000 година.

Исто така, тоа беше двојно поголем број на демонстранти отколку на најголемиот летен протест против експлоатација на литиум, а исто така двојно поголем број на учесници отколку што актуелната владејачка коалиција досега успеала да собере на едно место.

Секако, ова беше и најголемиот настан во историјата организиран од студентите во Србија.


Заедно со другите записи, за прв пат откако Архивата на јавни собири евидентираше различни видови собири, беше утврдено дека просечната густина на отворено надминува две лица на метар квадратен.

Na osnovu dostupnih snimaka i fotografija, Arhiv javnih skupova utvrdio je da se na protestu, koji su organizovali...

Posted by Arhiv javnih skupova on Sunday 22 December 2024

Исклучително масовен протест организиран од студентите вчера се одржа и во Ниш, каде се собраа околу 7.000 демонстранти, што според бројот на жители е еквивалентно на 53.000 во Белград“, се наведува во соопштението од Архивот на јавните собири.