Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија во Германија.
„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург“, пишува во објавата на ФБ.
Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат...
Posted by Embassy of the Republic of North Macedonia in Germany on Saturday, December 21, 2024
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако синоќа автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.