Дали бесплатниот јавен превоз значи поголем број на патници? – Еве што вели естонското искуство

Точка

21/12/2024

20:03

1.267

Големина на фонт

а а а

Идејата да се направи јавниот превоз бесплатен за секого звучи фантастично, меѓутоа се поставува прашањето дали тоа ќе доведе до негова поголема употреба, односно поголем број на патници.

Во 2013 година, главниот град на Естонија, Талин го направи јавниот превоз бесплатен за сите со цел да се намали сообраќајниот метеж и емисијата на штетни гасови од автомобилите. Меѓутоа посакуваните цели не се остварија. Односно, откако станал бесплатен, жителите дури и помалку го користеле јавниот превоз, додека употребата на автомобили се зголемила. Причината за тоа е што цената на јавниот превоз не е толку важна како што се мисли.


Имено, според психолозите, на корисниците на јавниот превоз многу поважни им се другите работи, како што се безбедноста, сигурноста и удобноста. Сето горенаведено го има автомобилот, така што градовите мора да се погрижат јавниот превоз да го има сето ова, за јавниот превоз да биде навистина прифатлива замена за автомобилите.


Пример за ова е Џакарта, која создаде голема автобуска мрежа со посебна, физички одвоена сообраќајна лента за автобуси. Покрај тоа, сите автобуси се климатизирани и имаат дел кој од безбедносни причини е наменет исклучиво за жени. Ова резултира со зголемување на бројот на корисници на јавниот превоз од година во година.


Патниот сообраќај генерира 10 отсто од глобалната емисија на штетни гасови, што доведува до два милиони предвремени смртни случаи, пишува Дојче веле.