[ВИДЕО] Весна Петрушевска со храбра, емотивна и искрена објава за изминатата година: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“

Точка

10/12/2024

22:12

5.524

Големина на фонт

а а а

Македонската актерка Весна Петрушевска – Бејби, несомнено го носи епитетот на една од најхрабрите жени во нашата јавност.

Сиот нејзин живот се соочува исправено со предизвици, пред кои и најсилните би потклекнале, но и понатаму со насмевка непоколебливо „гази“ низ животот.

Затоа нејзината хуманост, успех и борба се мотивација за многумина.

Овојпат, таа повторно се огласи на својот Инстаграм профил, каде што брутално како секогаш ги сподели интимните мигови од, за неа, една од најтешките години.

Имено, Весна сподели видео со низа фотографии од настаните кои ѝ ја обележале оваа година и откри дека меѓу другото се соочила буквално со пекол кога не знаела дали нејзината ќерка Мина ќе се разбуди од кома или не.


Инаку, Мина (20) годинава замина да живее во Дубаи, во друштво на Моника Милков, третото дете на Весна. Актерката во 2015 година го прошири семејството за уште еден член, односно го згрижи третото дете Моника Милков, покрај Кирил и Мина, а сега токму Моника била спасот за Мина, вели Весна.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

„Оваа 2024 беше најтешка од најтешките и најкреативна од најкреативните. Мојата премиера на ’Богот на колежот‘ на 24 декември во МНТ доаѓа како одговор на сите насилства кои ги преживеав, на сите одлични одлуки кои ги донесов за да прекинам со лоши и токсични луѓе, за мојата борба со ракот и сега кога врват пробите никоја не забележа затоа што театарот е сурова и прекрасна уметност, на мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на нигу еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не. Моника е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси. Снимав спот за претставата со Игор Џамбазов во моменти кои не можев да стојам на нозе, а истерав до крај. Имам огромна поддршка од мојата екипа … тоа е мојот МНТ. Без оваа претстава немаше да преживеам сигурно. Едвај чекам да дојде Мина и ќе биде со големи букви посветена оваа претстава на мојата хероина. Со татко ми велевме дека ако немаш судбина, немаш живот. Денес се три години како го нема, тато мислам дека не чуваш од горе и ми викаш ’Веки да ти **ам судбината!‘ И да тато, за сите полусветови имаше право“, напиша Весна во објавата.