[ФОТО] Синди Крафорд на 58 години се соблече во костим за капење: Сите се прашуваат како може да изгледа вака

Точка

10/12/2024

20:24

8.822

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка, педесет и осум годишната Синди Крафорд, уште еднаш ја оправда титулата на една од најзгодните и најубавите манекенки на сите времиња. Крафорд неодамна е фотографирана на плажа во градот Канкун, Мексико, каде што уживала и во пливањето.

Манекенката на себе носеше огнено црвено бикини кое ја истакна нејзината импресивна линија, а многумина го забележаа и нејзиниот младешки изглед.

Бикинито го искомбинирала со црни очила за сонце и едноставен накит. Синди ја одржува својата завидна фигура со ригорозни рутини за вежбање, а воедно ја негува природната убавина и никогаш не била подложена на естетски зафати.


Таа на ова патување беше со нејзиниот сопруг Ранде Гербер, со кого се запозна додека сè уште беше во брак со поранешниот сопруг Ричард Гир.

Нејзината кариера започна во 80-тите, а набрзо се здоби со статус на еден од оригиналните супермодели. Многумина ја сметаа за најубава жена на светот. Сепак, Синди неодамна призна дека никогаш не го „дефинирала“ зборот „супермодел“.


„Се сеќавам кога првпат ја слушнав таа фраза и помислив дека е смешна. Беше единствена во 80-тите и 90-тите. Немавме социјални мрежи, бевме само дводимензионални слики на насловните страници на списанијата“, рече таа.


Крафорд се појави на бројни насловни страници во текот на нејзината кариера, покрај тоа, таа глумеше и во многу реклами, а една од највпечатливите и беше онаа за брендот Пепси. Секако, таа беше најпозната по модните ревии кои ги носеше за брендови како Шанел. Денес, Синди се занимава со претприемништво, а во 2021 година лансираше сопствена линија на производи за коса. Нејзините деца, Каја и Присли, тргнаа по нејзините стапки. Kaјa веќе одеше на шоуа за брендови како Миу Миу, Фенди и многу други.