[ФОТО/ВИДЕО] Мајката и ќерката снимија уште една контроверзна реклама: Повторно се соблекоа и ги покажаа топ фигурите

Точка

05/12/2024

15:39

10.446

Големина на фонт

а а а

Мајката и ќерката повторно станаа предмет на внимание на јавноста, а сè поради контроверзната реклама за долна облека.

Познатата манекенка Хајди Клум и нејзината омилена ќерка Лени Клум, неодамна позираа за италијанскиот бренд „Intimissimi“.

Мајката и ќерката веќе подолго време снимаат заеднички реклами за овој луксузен бренд за долна облека, а јавноста секој пат жестоко ги критикува.

Така е и овој пат, кога снимија реклама со празнични мотиви. Повторно се соблекоа и храбро позираа пред објективот на фотоапаратот.


На снимките Хајди (51) позира во црвени свилени пижами, додека нејзината 20-годишна ќерка Лени носи топ и шорцови. Најавата доаѓа откако Хајди и Лени претходно снимија кампања за долна облека, во која заедно позираа во чипкана долна облека.


Хајди потоа ги сподели среќните моменти со своите фанови, посочувајќи како и двете се забавувале на снимањето и ја пофалиле кампањата. Сепак, реакциите на оваа објава не беа позитивни. Многу обожаватели ја изразија својата непријатност поради фактот што мајка и ќерка заедно позираат во долна облека.


„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Изгледа несоодветно“, се само дел од коментарите под објавата на Лени. Со оглед на овие реакции, Хајди реши да ги исклучи коментарите под нејзината објава.

Да потсетиме, ова не е прв пат Хајди и Лени да снимаат заедничка кампања. Лени ја започна својата манекенска кариера на 16 години, кога сними едиторијал за германското издание на магазинот Vogue, а покрај неа во знак на поддршка беше мајка ѝ.