[ФОТО] „Протече“ новиот "Jaguar": Драстична промена на дизајнот

Точка

02/12/2024

19:13

1.784

Големина на фонт

а а а

Електричниот концептен автомобил "GT" е првиот чекор, проследен со три сериски електрични модели.

Првите фотографии и илустрации од новиот "Jaguar" протекоа на интернет форумот "Coche Spias", кој најавува нова насока во дизајнот за британската марка во индиска сопственост, вклучувајќи нов визуелен идентитет и лого.

Електричниот концептен автомобил "GT" е првиот чекор, проследен со три сериски електрични модели.


Концептот официјално ќе биде претставен во понеделник навечер на настанот "Miami Art Week ".

Врз основа на првите рендери, се чини дека новата дизајнерска насока е комбинација на елементи од минатото (долга хауба) и футуристички минимализам, кои, на пример, "Tesla" ги претстави со својот модел "Cybertruck".


На предниот дел од автомобилот може да се забележи и влијанието на автомобилите на "Rolls-Royce", но оригиналноста е ретка овие денови, па затоа дизајнерите на "Jaguar" тешко можат да бидат обвинети за копирање.

Задниот дел од автомобилот нема стакло (камерите очигледно се одговорни за видливоста одзади), додека има мрежеста структура со интегрирани светла.


Серискиот модел, кој "Jaguar" неодамна почна да го тестира на патиштата, ќе има 575 коњски сили и автономија поголема од 680 километри. Почетната цена на автомобилот ќе биде околу 120.000 евра.