Видеото од необично пријателство меѓу патка и шкотски бик стана огромен хит на социјалните мрежи, собрајќи повеќе од 12 милиони прегледи.
Корисничката на социјалната платформа ТикТок, Бре Бојет, сподели видео од нејзиниот бик Дампи и белата патка како пливаат заедно во езерце на нејзиниот имот. На видеото може да се слушне сопственичката како вели: „Дампи, мислам дека те сака. Не сум сигурна што значи климањето со главата, морам да прогуглам, но мислам дека значи дека те сака“.
„Ти си негова крава. Тој одлучи дека ќе му бидеш најдобар пријател за цел живот“, додала таа.
Како што пишува „Њусвик“, патките климаат со главите кога сакаат да кажат дека се среќни или дека некој им се допаѓа.
Видеото на бикот Дампи и патката Маршмелоу собра повеќе од 2,6 милиони лајкови и 9.200 коментари.
„Го гуглав ова! Климнување значи дека го сака“; „Ова ми личи на рај“; „Убава средина и животни“, „Ме потсетуваат на Шрек и Магарето“, „Сакам да читам за ова пријателство во книга“ , се некои од коментарите.