Реченица која никогаш не смеете да ја „гуглате“, доколку не сакате да западнете во сериозни неволји!

Точка

13/11/2024

22:08

2.624

Големина на фонт

а а а

Пребарувањето „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија“ (Are Bengal Cats legal in Australia) на Гугл може да има сериозни последици за корисникот, велат експертите за сајбер безбедност.

Хакерите го искористија ова необично и многу специфично пребарување за да постават лажни веб-страници кои внесуваат вирус на компјутерот од кој се пристапува, пишува британски „Експрес“.

Опасниот вирус што го пренесуваат овие страници ги краде личните податоци, финансиските информации и податоците за најавување, а им овозможува и на хакерите далечински да го контролираат заразениот компјутер.


„Кога пребарувате на Гугл и се појавува порака „нема баш многу добри одговори за ова“, тоа е можност за хакерите. Тие можат да кажат: 'Во ред, ќе направам веб-страница што изгледа како да одговара на ова прашање и ќе ја искористам за злонамерни цели'“, рекол Шон Галагер, истражувач од британската компанија „Софос“.

Специфичниот термин за пребарување е мошне уникатен, со неколку илјади пребарувања, но совршено ја илустрира пошироката стратегија позната како „труење на СЕО резултатите“ (оптимизација на пребарувачите).

Хакерите се фокусираат на такви термини поради послабата конкуренција за да постигнат резултат од високо рангиран резултат, пренесува британски „Мирор“.


Компанијата „Софос“ откри дека тактиката на „труење на СЕО резултатите“ постои уште од 2020 година, но бележи пораст во последната година.

За да го избегнете „труењето“ на резултатите од пребарувањето, се препорачува да ја проверите веб-адресата пред да кликнете на резултатот. Внимавајте на правописните грешки, невообичаените имиња на страниците и на страниците кои неочекувано бараат преземање датотеки или лични информации.


Исто така, од клучно значење е редовно да се ажурираат прелистувачите и оперативните системи, бидејќи најновите верзии се стремат да ги блокираат таквите закани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг