Кои растенија нема потреба да ги наводнувате во текот на зимата?

Точка

13/11/2024

21:04

2.987

Големина на фонт

а а а

Премногу влага во текот на зимата може да предизвика гниење на коренот.

Доаѓа постуденото време од годината, ги внесовте растенијата внатре, а сега одржувањето станува покомплицирано.

Еве неколку растенија на кои им треба малку или воопшто не им треба вода во зима:

Кактуси и сукуленти


Повеќето кактуси и сукуленти доаѓаат од сушни региони каде што се навикнати на периоди без вода. Во текот на зимата, кога температурите се пониски, а осветлувањето е послабо, потребно е речиси целосно да се прекине со наводнувањето. Премногу влага во текот на зимата може да предизвика гниење на коренот.

Растенија отпорни на зима


Многу растенија, како што се лаванда, рузмарин и мајчина душица, исто така престануваат да растат активно во текот на зимата. Се препорачува минимално наводнување на овие растенија, особено ако се одгледуваат на отворено, бидејќи се приспособени на пониски температури и природни врнежи, пренесува City Magazine.

Собни растенија кои мируваат – Растенијата како што се фикус и сансеверија забавуваат во текот на зимата и можат да бидат многу чувствителни на вишок вода. Се препорачува наводнувањето да се намали на минимум, доволно за почвата да не се исуши целосно. Наводнување може да биде потребно еднаш месечно или уште поретко.

Бегонија и каладиум


Овие растенија ги губат лисјата во текот на зимата и влегуваат во период на мирување, кога наводнувањето е речиси непотребно. Можат да презимат на суво и ладно место, а наводнувањето треба да започне дури кога ќе се појават нови страци напролет.

Кринум и марилис


Овие растенија исто така мируваат во текот на зимата и најдобро се чуваат на суво и поладно место. Поради вишокот на влага, тие можат да изгнијат, па пожелно е целосно да престанете да ги полевате додека не почнат да растат напролет.

Гераниуми


Ако гераниумите се чуваат во затворени простории во зима, наводнувањето треба да се сведе на минимум. Наводнете ги доволно за да не се исушат, но избегнувајте прекумерно наводнување, што може да предизвика гниење на коренот.

Најдобро е растенијата кои мируваат во зима да се полеваат ретко и многу внимателно и целосно да се прекине со наводнување на оние видови кои се исклучително чувствителни на влага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг