[ФОТО] Повеќе од 200 ајкули и остатоци од авиони: Добредојдовте во најголемиот аквариумски тунел на светот

Точка

11/11/2024

17:13

2.385

Големина на фонт

а а а

Во потрагата по едниот од најголемите аквариуми, патот може да ве однесе во Турција, каде на југот од земјата, во Анталија се наоѓа огромен комплекс кој го содржи и најголемиот аквариумски тунел во светот – со должина од 131 метар и широчина од три метри.

Таму ќе најдете повеќе од десет илјади морски суштества поделени во 40 тематски аквариуми од Медитеранот до тропските мориња и околу 250 различни видови. Со специјално осветлување и звучни ефекти кои даваат автентично искуство на морето и океанот, турскиот аквариум е едно од местата кои вредат да се посетат.


Посебен дел е посветен на ајкулите, каде што не само што можете да дознаете повеќе за овие фасцинантни морски предатори, туку и можете да нуркате со нив, но под стручен надзор.


Аквариумот е дом на повеќе од 200 различни видови на ајкули, кои можат да се набљудуваат во текот на прошетката низ тунелот, додека оние кои сакаат да дознаат повеќе за различните видови на ајкули и нивното однесување можат да посетат некоја од едукативните презентации. Додека кон посебната атмосфера на тунелот придонесуваат и остатоците од авиони и автомобили.


Покрај љубителите на ајкулите, и посетителите кои ги фасцинира возбудливиот свет на отровните риби, пајаци, скорпии и змии ќе го пронајдат своето место тука – во Дивиот парк.


Особено во лето омилен е музејот „Snow World Ice“, каде посетителите доаѓаат да се разладат во снежната соба на -5 степени Целзиусови, да се играат со топки од снег, да се лизгаат, да направат снешко, како и да им се восхитуваат на скулптурите од мраз.


Покрај тоа, тука може да се пронајдат и киносали со подвижни седишта каде со посебни ефекти се пренесува автентичното доживување на водата, ветерот или чадот, без оглед на тоа дали се работи за комедија или хорор-филм.


Аквариумот во Анталија нуди мноштво активности кои секој посетител ќе го забават, фасцинираат и дополнително ќе го заинтересираат за морскиот свет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг