Сигурноста е една од оние карактеристики што најмногу ги цениме кога се во прашање автомобилите. Не е важно колку е брзо и добро опремено возилото, ако нè остава на цедило секогаш кога одиме на долго патување, брзо ќе се ослободиме од него.
Германија е синоним за квалитет и возилата од германската автомобилска индустрија се сметаат за едни од најсигурните со децении.
Онлајн платформата „Hotcars“ состави листа на најсигурни германски автомобили, а ние ви ги претставуваме првите пет.
Во 1974 година, „Volkswagen“ ја претстави првата генерација на „Golf“. „Volkswagen Golf MK1“ е мал семеен автомобил кој се произведувал до 1983 година.
Надворешниот дизајн на „Golf MK1“ се карактеризира со аголен и кутиесt облик со релативно ниска хауба и кров кој се спушта.
Првата генерација била достапна со неколку варијанти на мотори: од 1,1-литарски четирицилиндарски до 1,8-литарски четирицилиндарски со вбризгување гориво.
Првиот Golf го отворил патот за следните серии, бидејќи автомобилот се здобил со репутација за издржливост и доверливост, што придонело „Volkswagen“ да стане еден од најпопуларните брендови во Европа и светот.
„Mercedes“ го произведувал овој луксузен модел помеѓу 1984 и 1997 година. Наследникот на популарниот модел „W123“ ги оправдал сите очекувања и се покажал како екстремно сигурен автомобил.
„W124“ бил достапен во различни каросериски стилови (лимузина, купе, караван и кабриолет) и со различни опции за мотор: од 2,0-литарски четирицилиндарски мотор до 6,0-литарски V12 мотор во ограниченото издание 500E. Бил достапен и со дизел мотори, вклучително и 3.0-литарски шестцилиндарски, познат по својата исклучителна ефикасност.
Неговата долговечност е исто така тешко да се оспори, бидејќи многу примери поминале повеќе од милион километри.
Иако помодерните верзии на „Boxster“ не се на оваа листа, моделот од 2013 година е одличен исклучок. Третата генерација на „Boxster“, за разлика од својот претходник, е целосно редизајнирана и нуди голем број на надградби и подобрувања.
Неговиот екстериер бил елегантен и аеродинамичен, со низок и широк став кој ги истакнува неговите способности. Автомобилот го придвижувал 2,7-литарски шестцилиндарски мотор кој произведувал 198 kW (265 КС).
„Porsche Boxster“ добил многу признанија за неговата исклучителна управливост и динамика на возење, која се припишува на неговиот распоред на моторот во средината, прецизното управување и добро подесеното врзување.
Хипи симболот станал еден од најсигурните германски автомобили на сите времиња. Има добра причина за ова.
Како и популарната Буба, „Bulli“ исто така доживеал долг период на производство, а последниот модел го напуштил производството во Бразил дури во 2013 година.
Тип 2, „Bulli“, „Camper“, „Transporter“, како и да сакате наречете го – тоа е возило познато по ниската потрошувачка на гориво и лесното одржување, а многу сопственици сè уште го фалат за неговата доверливост.
Општо прифатен факт е дека серијата 3 на „BMW“ претставува една од најистакнатите серии на автомобили од „рацете“ на германскиот производител.
Спортската верзија на гореспоменатата серија, „BMW 325is“, е произведена помеѓу 1986 и 1991 година, а истите овие возила може да се видат на патиштата и денес, бидејќи возилото стекнало репутација за долговечност и доверливост.
Авто-магазинот наведува дека моделот има мали трошоци за одржување и ретко се расипува. Моделот 325is, опремен со 2,5-литарски мотор, произведува 125 kW (168 коњски сили).