Дерматолозите и фармацевтите се запознаат со Еуцерин Епигенетик серумот, кој ги буди заспаните гени на младоста, и придонесува кожата да добие помлад изглед

Точка

18/10/2024

14:39

346

Големина на фонт

а а а

Во DoubleTree by Hilton Skopje, синоќа се случи нешто навистина посебно! Еуцерин го претстави својот револуционерен HYALURON-FILLER EPIGENETIC серум пред некои од најдобрите доктори и фармацевти, и тоа со стил.

Тема на настанот беше Епигенетиката, науката која ги „вклучува“ гените на младоста во кожата. Беше истакнато како секојдневниот живот влијае на нашите гени и како овој серум може да помогне да се врати свежината и младоста на кожата. Стручни инспиративни дискусии, кои предизвикаа големо внимание. Присутните беа импресионирани од моќта на серумот, кој ги таргетира сите 10 знаци на стареење, и неговата ефикасност.


“Имам особено задоволство да го претставам новото и револуционерно откритие на Еуцерин – серумот Епигенетик, којшто верувам дека ќе направи сериозен исчекор во борбата против знаците на стареење на кожата. Благодарение на патентираната еиџ-клок технологија и активната состојка Епицелин, новиот серум ги буди заспаните гени и нашата кожа постепено почнува да добива помлад изглед. Клиничките студии докажуваат дека по 1 месец редовна употреба на серумот Епигенетик, кожата изгледа помлада за 5 години. Еуцерин кај нас во Македонија е веќе добро познат по анти-еиџ производите, а серумот Епигенетик може и се препорачува да го комбинираме со кремите за секојдневна нега на кожата”, изјави Соња Петрушеска - Спец.Дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин во Македонија


Проф. Д-р Андреј Петров, истакна дека “Дека некои жени на пример на возраст од 48 години, имаат кожа на лицето како да се на 42-та година, и обратно. Причина за тоа е епигенетиката, односно влијанието од начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата. Нездравата исхрана, стресот, прекумерното изложување на сонце и загадувањето може да ги оневозможат или „исклучат“ младите гени, што резултира со видливи знаци на стареење. Тоа е причината дури и еднојајчани близнаци кои имаат иста, идентична ДНК, да стареат различно, бидејќи имаат различен начин на живот”.


Фокус на дискусијата беше на иновативната епигенетичка наука за кожата, која отвора нови можности и потенцијал кој може да се искористи во процесот на нега и подмладување на кожата.

Како резултат на своите 15-годишни епигенетички истражувања, Еуцерин откри како да се реактивираат гените на младоста со помош на патентираната AGE CLOCK технологија. Револуционерниот Еуцерин EPIGENETIC СЕРУМ, е најновата иновација во негата против стареење на кожата. Разработен со помош на патентирана AGE CLOCK технологија, базира на алгоритам на епигенетски модели кои ја одредуваат биолошката возраст на кожата, која што може значително да се разликува од хронолошката возраст.


Станува збор за револуционерна Anti-age иновација резултат на 15 години истражувања, тим од 20 интердисциплинарни истражувачи и клинички тестирани над 50.000 активни состојки, за да се создаде уникатната формула Epicelline – која ги подмладува клетките на кожата, ги реактивира гените на младоста, ја подобрува ефикасноста на клетките, плус фенотипот на возраста на кожата, а ја има во новиот Еуцерин EPIGENETIC СЕРУМ.

Овој Anti-Аge серум делува на сите 10 знаци на стареење на кожата

- Ја затегнува кожата

- Овозможува лифтинг ефект

- Ги намалува брчките

- Ги намалува фините линии

- Ги подобрува контурите на лицето

- Ја хидрира кожата

- Овозможува ефект на блескава кожа

- Помага за помлад изглед

- Изедначен тен

- Мазна кожа

Epicelline формулата содржи неколку активни состојки, хијалуронска киселина (која навлегува длабоко во кожата и ги пополнува брчките), глицин-сапонин (кој стимулира сопствено производство на хијалурон, колаген и еластин во кожата), како и еноксолон (кој ја намалува стапката на деградација на хијалурионската киселина).

Овој серум може да го користат млади од 30-40 години, кои сакаат да ја одржат здравата и младешка кожа, но и повозрасните кои сакаат да постигнат видливо помлада кожа на лицето.







Спонзорирани линкови

Маркетинг