Полициски началник со грозоморни детали за убиството на Вања: Се шокиравме кога ја најдовме, беше како жива кога ја извадивме

Точка

18/10/2024

12:27

3.592

Големина на фонт

а а а

На денешото судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочи Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје. Тој во детали објаснуваше како била вршена потрагата по исчезнатата Вања.

Истрагата за свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска кулминирала со мрачно откритие, кога истражителите го пронашле телото на девојчето во околината на Бразда. Началникот Дејан Димовски во своето сведочење ги опиша клучните моменти од тој ден.


- Постојано правевме разговори со Кешишов. Ноќта, му дадовме цигара, вода. Му велиме кажи што се случило. ,,Јас не сум човек. Јас сум, кажа лош израз штом сум учесник, не сум човек”. Се кршеше човекот. Уште не кажуваше, но зборуваше за некое место кај што одел со Палчо, во Бразда, сакал да гради нешто. Не однесе таму и му рековме кажи зошто дојдовме. Пак не носеше некаде, а колега ми кажа дека не носи на местото каде што е запален ,,цитроенот”. Му велевме да каже што понатака. Цело време му велел на колегата дека се плаши дека Палчо ќе го убие, имал многу луѓе во полиција. Тогаш ни рече ќе не носи кон ридот. Бараме нешто, некој леш, ама не знаев што бараме. По половина час, повторно му велевме да каже што и каде да бараме. Покажуваше со главата, не покажуваше со рака. Не зборува, пак покажува со главата. Покажуваше кон перници, мушама, ги тргнавме и видовме земја. Почнавме да копаме и осетивме дека е ровка земјата и дека пропаѓа. Кешишов не сакаше ниту да гледа, се сврте со грбот. Дојде колегата и ни кажа дека Кешишов му рекол дека тука е маленкото, девојчето Вања. Го викнавме да копа и тој со нас. Дојде зема стап и копаше. Потоа пак се помести. Кога дојдовме до телото шок, солзи ни дојдоа на очи. Ги известивме сите. Кешишев ни кажа дека со нив бил и Боре каратистот од Велес, по што се бараше приведување, рече началникот.

„Кога го извадивме телото, девојчето беше како живо. Рацете и нозете ѝ беа врзани со стега. Исто така, на устата имаше лента. Но, девојчето беше како живо и тоа беше многу чудно. Беше 3 декември”, раскажуваше Димовски.

Тој додаде дека Кешишов рекол дека работеле по насоките на Палчо, се било во главата на Палевски.


За овие грозоморни убиства обвинителството ги обвинува Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите на првото рочиште од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Поврзани вести: Александар од снимка ни го предочи возилото на Панче, не кажа зошто се сомнева: Вања комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС



Спонзорирани линкови

Маркетинг