[ВИДЕО] Пеколната заседа на Хамас во Газа: Израелските војници беа „намамени“ во тунел, а потоа го разнесоа

Макфакс

18/10/2024

09:28

3.603

Големина на фонт

а а а

Бригадите Изад-Дин ал-Касам, военото крило на Хамас, во четвртокот објавија снимка од експлозија во тунел во која намамиле израелска инженерска единица во областа Ал-Рајан, источно од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Ова беше втора заседа од ист вид во рок од пет дена – по заседата „Ал-Саберин 1“ на 10 октомври, бригадите Ал-Касам ја повторија истата тактика, поставувајќи буриња со висок експлозив во внатрешноста на отворот на тунелот каде што ги намамиле израелските војници.

Отворот на тунелот подоцна беше детониран кога израелските војници влегоа, што резултираше со директен удар и значителни жртви.

Тие потврдија и дека нападнале два израелски оклопни транспортери со ракети „Ал-Јасин 105“ во областа Ал-Фалуџа, западно од бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа. Во истата област, силите на Ал-Касам ги гаѓаа израелските војници пеш со проектил „ТБГ“, тврдејќи дека ги елиминирале од непосредна близина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг