[ВИДЕО] Како изгледа бугарскиот пазар на невести: „Најважно е да биде невина, за да можеме да ја продадеме за повеќе пари“

Точка

17/10/2024

12:34

9.343

Големина на фонт

а а а

Калаиџи е стара, древна заедница на Ромите во Бугарија, која со векови ја негува својата традиција преку низа обичаи и верувања. Доколку ја посетите Стара Загора во Бугарија на првата сабота од православниот пост, веројатно целиот град ќе го видите на колективната веселба.

Луѓето слават, пијат, играат, зборуваат и јадат, а сето тоа се одвива на ливадата надвор од градот, каде што се наоѓа „ромскиот пазар на невести“.

Младите тинејџерки со многу шминка на лицето, фризури и нови фустани играат и се запознаваат со момчињата. Нивните мајки ги придружуваат, горди на фактот што нивните ќерки станале доволно возрасни за да ја испочитуваат традицијата на својот народ.


Припадниците на Калаиџи заедницата водат комплицирани преговори, се ценкаат околу невестата која ќе ја купат и потоа ќе ја однесат дома.

Љубовта е споредно нешто, она што е важно е миразот. Девојките на 15 годишна возраст знаат дека кога ќе се омажат тука престанува нивниот живот кој дотогаш го живееле и започнува животот во кој тие се сопруги, а подоцна и мајки.

Оваа полуномадска популација на Ромите позната е по својот древен занает на правење и поправање на лонци, тави и котлиња. Вообичаено живеат во подалечни села, кои се оддалечени едни од други, а на девојките и жените не им е дозволено да се среќаваат или да имаат врска со машките членови на заедницата.


Најважно е девојката да биде невина, за семејството да може да ја продаде за голем износ на пари, во спротивно доколку се знае дека девојката не е невина таа се продава по најниска можна цена.

Пазарот на невести е единствената можност за девојките да комуницираат со мажите кои не се дел од нивното семејство. Тинејџерките се секогаш придружувани од членовите на нивните семејства кои внимателно ги чуваат, а исто така бракот со некој кој не припаѓа на нивната заедница се смета за табу. Инаку мажите на овој пазар трошат од 7.500 до 11.3000 долари.


„Мажите не ја купуваат жената, туку нејзината невиност! Доколку е многу убава, цената може да се зголеми. Традиција е семејствата да ја омажат својата ќерка помеѓу нејзината 16 и 20 годишна возраст. Поголемиот дел од девојчињата не завршуваат средно училиште, бидејќи се верува дека некој би можел да ги „грабне“ по нивната шеснаесетта година. Тогаш родителите ги затвораат во нивните домови“, раскажа за „Њујорк Тајмс“ етнографот Велчу Крустеву.

Но, оваа традиција е сериозно разнишана токму поради фактот што младите Роми повеќе не сакаат нивните родители да им склучуваат бракови, а со мобилните телефони добија увид во светот околу нив.

Денес, членовите на оваа заедница сè помалку се занимаваат со производство на тенџериња, бидејќи во денешно време оние од Кина се поевтини. Затоа, мажите од оваа ромска заедница се повеќе се занимаваат со земјени работи. Тие одат да работат во други земји, а кога ќе се вратат, полека ги носат обичаите на другите култури во нивната заедница.

Постарите жени од оваа заедница сè повеќе се залагаат за автономија. Тие сакаат да „излезат“ од домовите, но лошото образование и економската нестабилност ги спречуваат во таа цел. Од друга страна „пазарот на невести“ продолжува да опстојува но во значително помал обем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг