Жена која со години се грижела за ракуни ја алармирала полицијата откако речиси 100 гладни ракуни го опколиле нејзиниот дом во Вашингтон, соопштија официјални лица во видеото објавено од Канцеларијата на шерифот на округот Кицап.
Неименуваната жена, која живее во Поулсбо, северозападно од Сиетл, хранела локални ракуни 35 години, но ситуацијата ескалирала пред шест недели.
„Жената вели дека ракуните често ја опкружуваат дење и ноќе барајќи храна“, соопштиле од Канцеларијата на шерифот на округот Кицап.
За среќа, не било пријавено дека некој бил каснат или изгребан од животните, иако е познато дека тие се носители на болести како беснило и кружни црви. Официјалните лица го опишаа овој настан како „инвазија на ракун“, и ја упатија жената на Одделот за риби и диви животни во Вашингтон.
On Patrol: Raccoon Invasion
Posted by Kitsap County Sheriff's Office on Monday 7 October 2024
Инаку, на својата веб-страница, Одделот за риби и диви животни ги предупредува луѓето да не ги хранат ракуните.
„Хранењето на ракуни може да создаде непожелни ситуации за вас, вашите деца, соседи, домашни миленици и самите ракуни. Вештачкото хранење, исто така, има тенденција да ги концентрира ракуни на мала област; пренатрупаноста може да шири болести и паразити. Конечно, овие гладни посетители може да му пријдат на соседот кој не ја дели вашата почит кон животните“, се вели во соопштението.