Во Франција бесни, а виновен е Мбапе

Точка

12/10/2024

11:05

3.874

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе е виден пред ноќен клуб во Шведска истата вечер во која француската репрезентација го совлада Израел со 4:1 во Лигата на нации без него во составот. Француската јавност е бесна, а медиумите пишуваат како е можно тој да биде подготвен за настапите на Реал Мадрид, но не и за репрезентацијата.

Одличниот напаѓач го пропушти дербито во Мадрид поради повреда на тетивата, но настапи на следните натпревари против Виљареал во Ла Лига и Лил во Лигата на шампионите. Тој и пред тие настапи го откажа репрезентативниот собир со образложение дека поради повреда нема да може да игра против Израел и Белгија.


Осуди од повеќе страни

„По сета драма надвор од теренот во ПСЖ, француската репрезентација беше единственото место каде Килијан Мбапе сè уште имаше широка поддршка. Но, за само шест месеци тој го уништи тоа и навистина е тешко овојпат да се впери прстот кон некој друг“, напиша новинарот на "Le Parisien", Александар Афлало на "X".

„L'Eqipue“ ја продолжува приказната и пишува дека излегувањето на Мбапе во Стокхолм на денот на натпреварот на националниот тим е „симболична секвенца што укажува на лоша комуникација, но која е толку вообичаена во животот на еден фудбалер“.


Посебен проблем е што Мбапе е капитен на репрезентацијата, па на неговиот потег се гледа со зголемена доза на критики. Брилијантниот напаѓач моментално е трет стрелец во историјата на француската репрезентација со 48 гола на 86 натпревари. Само Оливие Жиру (57 во 137 натпревари) и Тиери Анри (51 на 123 натпревари) постигнаа повеќе.