Зијеш брзо се покаја: Никогаш не сум видел толку лош тренер, си одам уште во јануари

Дерби

20/12/2024

14:50

2.826

Големина на фонт

а а а

Хаким Зијеш во ниту еден момент не успеа да ја пронајде својата најдобра форма по заминувањето од Ајакс, па откако не се изнаигра како член на Челси, сега е пред разделба и со Галатасарај.

Тоа може слободно да се заклучи од последната изјава која ја дало мароканското крило при средбата со турските новинари, на кои им порачал дека сака да направи трансфер од клубот уште во јануари.

Како што вели самиот Зијеш, тој не планира да мине уште ниту еден месец во опкружување како Галатасарај, пред се поради тренерот на првиот тим, Окан Бурук.

– Галатасарај е завршена приказна за мене, не сакам да играм повеќе за овој клуб. Целта е да си одам во јануари и ќе го направам тоа.

– Никогаш не сум видел волку лош тренер како Бурук, никогаш не сум видел толку лошо ниво на човечки вредности. Не ми е гајле дали направив грешка со доаѓањето во Галатасарај, сакам само да си одам, – изјавил 31-годишниот Зијеш.

Мароканецот играше на позајмица во Галатасарај минатата натпреварувачка сезона, а само шест месеци откако трансферот стана перманентен, тој сега е на излезни врати од Истанбул.