[ВИДЕО] Купил злато за 5.000 евра и заборавил каде го сокрил: Видеото го погледнале 3 милиони луѓе

Точка

18/09/2024

18:00

1.804

Големина на фонт

а а а

Откако Џонас купил златни прачки со вкупна вредност од 5.134 евра, си помислил: „Пред некој да ме ограби, треба добро да ги сокријам за да бидат на безбедно и никој да не може да ги украде“.

„Момци, јас сум прав идиот“, започна инфлуенсерот на TikTok Џонас. Тој тврди дека златото го купил пред три години, но со текот на времето заборавил каде го сокрил во својот стан. Видеото досега го погледнале три милиони луѓе.

Имено, со текот на времето заборавил каде се рачките. „Веќе немам поим. Тогаш бев убеден дека никој нема да го најде скришното место. Но, не земав предвид дека можеби и јас ќе заборавам каде е“, вели тој во видеото.

@jonas_private

Irgendein Nachmieter wird sich mal freuen.. 🥲🥲🏅

♬ Originalton - Jonas Ems (Private)


Го пребарал целиот стан и заклучил дека понатамошната потрага е залудна и дека некој иден потстанар ќе биде пресреќен доколку ги најде златните прачки. Засега, тој не изгледа премногу вознемирен поради загубата.


Видеото стана вирално и предизвика лавина коментари кај неговите следбеници. Еден од нив рече: „Кажете ми ако се преселите... јас би го земал станот“, додека друг го советувал: „Позајми детектор за метал и употреби го“.

Цената на златото е на ново рекордно ниво

Пронаоѓањето на овие златни прачки би било финансиски наградно бидејќи цената на златото достигна нови рекордни височини поради очекуваното намалување на каматните стапки во САД. Во понеделникот (16.09) цената на една унца злато на лондонската берза се искачи на 2.589,64 долари, додека цената во евра се искачи на 2.334,80 евра.


За растот на златото придонесе и неодамнешниот пад на вредноста на американскиот долар, бидејќи со златото најмногу се тргува во долари. Покрај тоа, централните банки се повеќе купуваат злато за да ги надополнат националните резерви, а геополитичките тензии како што се војната во Газа и војната во Украина дополнително ја зголемуваат побарувачката за благородниот метал.





Спонзорирани линкови

Маркетинг