[ФОТО] Актер на доделувањето на „Еми“ наградите пристигна со отпечаток од дланка на неговата уста, и испрати силна порака

Точка

16/09/2024

17:16

1.970

Големина на фонт

а а а

Актерот Д‘ Фарао Вун – А – Таи (22) привлече внимание на доделувањето на „Еми“ наградите, поради неговиот изглед. Ѕвездата на серијата „Reservation Dogs“ којшто беше номиниран во категоријата за најдобар актер во хумористична серија, своето појавување на доделувањето на наградите го искористи за да испрати силна порака.


Што значи отпечатокот од дланка?

Вун – А – Таи беше фотографиран, облечен во потполно црно одело и со црвен отпечаток од дланка на устата. Според веб – страницата „Native Hope“, овој симболичен отпечаток претставува порака за солидарност со исчезнатите и убиени жени – домородци. Веб – страницата на оваа непрофитна организација објаснува дека овој отпечаток од дланката „ги означува сите исчезнати сестри чиишто гласови не се слушаат, како и молчењето на медиумите и органите за спроведување на законот“.


Со номинацијата Вун – А – Таи влезе во историјата

Тој беше номиниран за својата прва „Еми“ награда за улогата на „Bear Smallhill“ во „Reservation Dogs“, меѓутоа наградата ја освои Ален Вајт. Но Вун – А – Таи влезе во историјата како прв актер – домородец којшто бил номиниран во категоријата за главни улоги.

„Reservation Dogs“ ја следи приказната на домородски тинејџери во Оклахома коишто сакаат да се стасаат до Калифорнија и одлучуваат дека ќе сторат сè за да стасаат до пари, дури и да ограбуваат, а оваа серија е достапна за гледање на платформата „Hulu“.


Вун – А – Таи во април, изјави за „Variety“, дека серијата го научила дека е важно самите да ја раскажеме својата приказна.

„Никој не би требал да ги раскажува нашите приказни во наше име. Тоа веќе премногу долго се случува. Имавме премногу лажни претставувања“, изјави Вун – А – Таи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг