Испишана историја на доделувањето на Еми наградите: Оваа серија освои најмногу признанија

Точка

16/09/2024

16:31

2.041

Големина на фонт

а а а

По втор пат оваа година, Холивуд се обедини да им оддаде почит на најголемите ТВ ѕвезди.

Откако церемонијата во 2023 година беше одложена поради минатогодишните штрајкови во Холивуд, најголемите ТВ ѕвезди конечно се обединија во „LA Live Peacock Theatre“ во Лос Анџелес за да ги прогласат добитниците на Еми.

Како и пред неколку месеци, ѕвездите на „The Bear“ Џереми Ален Вајт и Ебон Мос-Бакрак повторно ги освоија наградите за најдобра главна и споредна машка улога во комедија.

Ѕвездата на „Hacks“, Џин Смарт ја освои наградата за најдобра главна женска улога во комедија, а во најголемото изненадување на вечерта победи и серијата „Hacks“ на „HBO“ во категоријата најдобра комедија наместо „The Bear“ која важеше за главен фаворит.

Најмногу признанија за „Shogun“

„Shogun“ е серија со најмногу освоени признанија на синоќешното доделување - дури 18, вклучувајќи ги наградите за најдобра драмска серија, најдобар главен актер во драмска серија за Хиројуки Санада и најдобра актерка во драмска серија за Ана Саваи, како и режија за Фредерик Е.О. Тоје.

Станува збор за јапонска серија базирана на романот на Џејмс Клавел од 1975 година. Приказната е сместенa во Јапонија, а се случува во 17-от век.

Испишана историја

Со освојувањето на наградата за најдобра женска улога во драмска серија, Ана Саваи стана првата жена со азиско потекло која ја добила оваа награда.

Што е со „Baby Reindeer“?

Хитот на „Netflix“, „Baby Reindeer“ ја освои наградата за најдобра минисерија, а креаторот Ричард Гад ги однесе трофеите за најдобар главен актер и најдобар писател. Неговата колешка Џесика Ганинг, која ја играше неговата демначка Марта, ја доби наградата за споредна женска улога.

Џоди Фостер ја освои првата Еми награда во кариерата глумејќи во серијата на „HBO“, „True Detective: Night Country“, пишува „Variety“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг