[ФОТО] Францускиот заводник ќе стане татко по четврти пат, неговата 30 години помлада девојка објави дека е бремена: „Мама те чека“

Точка

16/09/2024

14:45

1.601

Големина на фонт

а а а

Девојката на познатиот француски актер Венсан Касел (57), Нара Баптиста денеска преку својот Инстаграм профил ја сподели веста за бременоста.

Оваа 27-годишна бразилска манекенка објави три фотографии на кои позира покрај скали во долг црн фустан, каде се истакнува нејзиниот труднички стомак. Во описот на објавата напишала дека ќе стане мајка, а многу следбеници ѝ честитаа на среќната вест.

„Мама те чека“, напишала Баптиста, која неодамна ги поттикна гласините за бременоста кога се појави во широка облека на една церемонија.


Инаку, Касел и неговата 30 години помлада девојка неодамна ја прославија првата годишнина од нивната врска, а по тој повод Нара на својот Инстаграм профил објави серија заеднички разголени фотографии.

Гласините за врската беа поттикнати минатата година, кога двајцата беа фотографирани на заеднички одмор во Рио де Жанеиро. Освен големата разлика во годините, парот го привлече вниманието на јавноста и затоа што Нара многу потсетува на поранешната сопруга на Венсан, Тина Кунаки, со која ја има ќерката Амазонија. Покрај тоа, Касел беше во брак и со Моника Белучи, со која има две ќерки - Дева и Леони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг