Ламин Јамал се уште е тинејџер и стана европски шампион на свои 17 години, но иако веќе заработува многу пари, младата ѕвезда на Барселона и натаму е многу приземјена и живее во домот на своите родители.
Јамал вчеравечер беше специјален гостин во спектакуланото ток-шоу „Ел Хормигеро“ и откри многи интересни анегдоти за својот приватен живот, па покрај тоа што обелодени дека секојдневно добива задачи од својата мајка и се обидува да ги исполни речиси сите, во овој момент мора и да го прифати фактот дека таа го има последниот збор во куќата.
По освоената титула во Германија, Јамал сакал да се почести со купување на егзотично животно, па и покрај тоа што веќе го избрал аквариумот за во својот дом, сепак не добил зелено светло од неговата мајка.
– Сакам да си купам октопод. Веќе го имам избрано аквариумот кој сакам да го купам, но мојата мајка не ми дозволува. Ми вели дека тоа е невозможно.
– Кога имав 13 години, таа ми велеше дека ќе можам да купам кога ќе имам 18, а сега ми вели кога ќе наполнам 21. Станува збор за егзотично животно, тоа е животно кое нема често да го сретнете кога одите во домот на некој пријател. Навистина сакам да го имам во својот дом, – откри Јамал.