[ВИДЕО] Урнебесна разлика: Како Роџер Федерер следи натпревар на УС Опен, а како Кевин Харт

Точка

05/09/2024

14:17

3.669

Големина на фонт

а а а

На официјалниот профил на Х на УС Опен е објавено урнебесно видео кое ги покажува пензионираниот тенисер Роџер Федерер и комичарот Кевин Харт. Двајцата го следеле натпреварот помеѓу Френсис Тиафо и Григор Димитров.

Краткото видео од Федерер и Харт стана вирално бидејќи покажува како двајцата го доживуваат натпреварот на различни начини. Роџер има мирен и сталожен израз на лицето, додека Кевин е сосема спротивно на тоа - енергичен и нервозен.

„Роџер Федерер гледа тенис и Кевин Харт гледа тенис. Претстава во два чина“, стои во описот на видеото.

„Кевин е како тениско топче“, „Кевин едноставно се однесува како Кевин“, „Кевин ужива во животот“, „Кевин сигурно стои на прсти додека го гледа натпреварот“, „И двајцата уживаат на свој начин“, „Кевин не ни знае чиј натпревар гледа“, се дел од коментарите под објавата.

Многу вирални видеа од овогодишниот УС Опен

За време на натпреварот меѓу Френсис Тиафо и Александар Ковачевиќ, камерите снимија маж кој во рацете носел два пијалаци - едниот за себе, другиот за жената која седела до него.

Најпрво изгледало дека е на состанок со таа жена, но кога тргнал да ѝ го подаде пијалакот, мажот кој седел во редот зад нив го претекнал и тој ѝ подал пијалак. Изразот на лицето на човекот кој не успеал да ѝ даде пијалак на жената е непроценлив. Судејќи по изразот, тој доживеал вистинско изненадување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг