Јамал верува во подзаборавениот играч на Барса: Тој е специјален и може да ни помогне

Дерби

16/09/2024

08:55

2.396

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал многу брзо се претвори во вистински миленик меѓу фановите на Барселона, не само поради талентот што го поседува, туку и поради разликата која ја прави на теренот на своја 17-годишна возраст.

Јамал веќе е стандарден дел од стартната постава на каталонците и почетниот тим на Ханси Флик не може да се замисли без него, а во ситуација кога се изгледа добро на теренот за Барселона, Ламин вчера постигна и два гола во локалното градско дерби.


Барса ја надигра Џирона и славеше со 1:4 за максимални „пет од пет“ во шпанската Ла Лига, а Јамал по мечот зборуваше за шансите да се освои титулата во домашното првенство, но и за еден играч кој го подзаборавија навивачите на клубот.

Ансу Фати се врати во Барселона по неубедливата позајмица во Брајтон и отвори добро на подготовките, но потоа следеше нова повреда која го одложи неговото ново дерби за тимот на Ханси Флик.

Германскиот стручњак смета на Фати и пред мечот со Џирона најави дека ќе му даде шанса во блиска иднина, а очигледно во неговите квалитети верува и Ламин Јамал.

– Сметам дека Ансу Фати може да биде многу важен играч за нас. Сигурен сум дека ќе ни помогне, тој е специјален играч и мислам дека сите верни фанови сакаат повторно да го видат во нашиот дрес. Се надевам дека набрзо ќе игра со нас, – изјави Јамал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг