Почнува судењето на Манчестер Сити

Точка

16/09/2024

17:32

1.522

Големина на фонт

а а а

Расправата на Премиер лигата во врска со прекршувањето на 115-те финансиски правила на фудбалскиот клуб Манчестер Сити започнува денеска и ќе трае неколку месеци, објави британската телевизиска мрежа "BBC".

По четиригодишна истрага, Манчестер Сити беше обвинет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј од 2009 до 2018. Англискиот клуб ги отфрли сите обвинувања и изјави дека има докази дека не ги прекршил финансиските правила.

Премиер лигата соопшти дека Манчестер Сити ги прекршил правилата девет сезони со тоа што наводно не обезбедил „точни финансиски информации, кои даваат вистинска и правична слика за финансиската состојба на клубот“.


Премиерлигата соопшти дека Манчестер Сити, меѓу другото, не ги почитувал правилата за финансиски фер-плеј на Европската фудбалска унија (УЕФА) и дека клубот не соработувал целосно со истрагата.

Манчестер Сити може да биде казнет со одземање бодови, како и со исфрлање од Премиер лигата.


Официјалната расправа со независната комисија се очекува да трае неколку месеци. Панелот потоа ќе ги разгледа доказите пред да донесе конечна одлука.

Манчестер Сити има освоено 24 трофеи од 2008 година, вклучувајќи осум титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите во 2023 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг