Кристијан Диор велеше дека овие шест работи ја прават жената да изгледа лошо и несредено: „Не постои грда жена, туку само онаа којашто не знае да ја истакне својата убавина“

Точка

04/09/2024

17:39

10.905

Големина на фонт

а а а

„Жените се најатрактивни помеѓу триесет и петтата и четириесетта година, откако победиле во многу ситуации и стекнале многу искуство. Кога жената ќе наполни 40 години, нејзината привлечност може да трае засекогаш“, велеше Кристијан Диор, едниот од најпознатите модни дизајнери на сите времиња. Тој веруваше дека не постои грда жена, туку дека само постојат жени коишто не знаат како да ја истакнат убавината.


Кристијан Диор своевремено зборуваше за шест детали поради кои жените изгледаат несредено. Првиот детал според него е неизмиената коса. Исто како и Коко Шанел, и Диор верувал дека најлошата работа којашто го расипува имиџот на жената е валканата коса. „Тоа е непочитување на себеси и другите. Дамата треба да биде уредна во сè“, велеше Диор.

Вториот непосакуван детал според Диор е вулгарноста. Тоа што треба да се потенцира во изгледот на една жена е нејзината женственост, и тоа не се однесува само на облеката, туку и на начинот на комуникација и однесување. Дури иако е жената облечена во елегантен фустан, таа нема да биде женствена доколку комуницира на вулгарен начин или доколку користи пцости.


Третото нешто што му пречеше на Диор е облеката којашто не ѝ стои добро на жената. Тој верувал дека жената губи од софистицираноста доколку се облекува неправилно, односно доколку одбира облека со несоодветна големина или облека којашто не ѝ прилега на формата на нејзиното тело. Тој исто така ги сметаше за голема грешка парчињата облека направени од неквалитетен материјал или оние кои се лошо сошиени, а облеката според него треба да ја потенцира убавината на силуетата на жената, а да ги скрие нејзините недостатоци.

Четвртиот непосакуван детал според Диор, е непосветувањето внимание на чевлите коишто ги носи жената. „Никогаш не можете да посветите премногу внимание на вашите чевли. Многу жени сметаат дека чевлите не се толку важни, но вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама е она што таа го носи на нозете“, објаснуваше Диор.


Следното нешто коешто Диор го сметаше за непосакуван детал кај жените се, дланки кои не се негувани. Дланките се визит картата на секоја жена, тие ја откриваат возраста на жената и покажуваат колку се грижи таа за себеси. Ноктите и кожата на рацете секогаш треба да бидат чисти и меки, а може да се надополнат со едноставен маникир.

Последното нешто што Диор не го сакаше да го види кај жените се стапалата и нозете коишто не се негувани, особено во лето кога се носат сандали и пократки фустани и сукњи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг