Истражувањето на познатиот психолог покажува: Овие 4 однесувања во бракот доведуваат до развод

Точка

16/09/2024

19:15

2.335

Големина на фонт

а а а

Познатиот психолог и брачен советник Џон Готман спровел статистичко истражување за бракови и разводи во 1992 година.

Преку тоа истражување, тој успеал да предвиди кои парови на крајот ќе поминат низ развод со неверојатни 94 проценти точност. Оттогаш, Готман заедно со неговата сопруга Џули Готман, спровел опсежно истражување за факторите кои влијаат на успехот или неуспехот на односот.

Нивната работа укажала на различни клучни динамики кои придонесуваат за успех или неуспех на бракот. Според нивното истражување, присуството на „четворицата јавачи на апокалипсата“ се меѓу најголемите показатели за развод.


Тие четири однесувања, доколку постојано се појавуваат во бракот, може да сигнализираат сериозни проблеми во иднина. Психологот Марк Траверс дополнително ги објаснил четирите знаци кои можат да навестат развод.

Константно критикување

„Наместо да се фокусирате на однесувањето што ви пречи, критиката е насочена кон личноста на партнерот, што може да предизвика чувство на отфрлање и лутина. На пример, критиката би била: „Секогаш мислиш само на себе“, додека конструктивната повратна информација би можела да изгледа вака: „Ми беше непријатно кога не ми се јави дека доцна ќе дојдеш“, објаснува Траверс за „Psychology Today“.

Дефанзивност

Според психологот, дефанзивноста е обид на самоодбрана со оправдување на сопствените грешки или напад на партнерот. „Ова може да се манифестира како изигрување на жртва која го обвинува партнерот или како „праведен гнев“ кој се спротивставува на критиките со напади. Таквото однесување го попречува решавањето на конфликтите бидејќи се фокусира на избегнување одговорност наместо на решавање на проблемот“, напоменува Траверс.


Презир

Презирот вклучува изразување презир кон партнерот преку навреди, сарказам, навредливи имиња или омаловажувачки гестови на телото. Психологот истакнува: „Ваквото однесување често произлегува од длабокото незадоволство и може сериозно да ја оштети врската бидејќи на партнерот му покажува дека го сметате за инфериорен, што го отежнува решавањето на проблемот“.

Игнорирање

Игнорирањето е целосно повлекување од комуникацијата, често како одговор на презир или друго негативно однесување. „Во оваа фаза, личноста престанува да слуша, се одвраќа од разговорот или целосно се повлекува од интеракцијата. Ова однесување го отежнува решавањето на проблемите и може да стане долгорочен одбранбен механизам кој спречува врската да напредува“, заклучува Траверс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг